4 декември 2024 (среда)
Транспарентноста на институциите и отворената политичка комуникација се клучни за градење доверба помеѓу граѓаните и власта. Кога институциите искрено и јасно ги споделуваат информациите за своите одлуки и активности, тоа овозможува граѓаните да бидат информирани, да учествуваат во дебати и да влијаат на одлуките што ги засегаат.
Институтот за комуникациски студии (ИКС) ја организира конференцијата „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“, во хотелот „Холидеј ин“ – Скопје.
Конференцијата отвора дебата за унапредување на транспарентноста и отчетноста на јавните институции и политичките актери, преку подобрување на стандардите на политичка комуникација.
Воведни обраќања на конференцијата- Жанета Трајкоска, директорка на ИКС, Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на РСМ, и Даниел Филер, вршител на должност, Британска амбасада во Скопје. Посебно внимание ќе биде посветено на одговорноста на политичките актери и институциите за искрена и ефективна комуникација со јавноста, особено во чувствителните предизборни и изборни периоди, како и на улогата на медиумите во известувањето за политичките процеси.
Конференцијата се организира во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.
ДЕМОКРАТСКО НАЗАДУВАЊЕ: ВЛИЈАНИЕТО НА ШТЕТНИТЕ НАРАТИВИ И ПОЛИТИКАТА НА МОЌТА
Откривање на корените на токсичната политика: Презентација на деветмесечното истражување на ИКС за штетните политички наративи во Северна Македонија
д-р Елеонора Серафимовска, истражувач, ИКС и Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје
Клучни наоди од изборниот мониторинг на ОБСЕ-ОДИХР во Северна Македонија
Ноеми Арчидиaчоно, соработник за проекти на ОДИХР и политички аналитичар во Мисијата за набљудување на избори на ОДИХР во Северна Македонија
Како можеме да ги сочуваме демократските вредности, етичките стандарди и јавната доверба во ерата на пост-вистина во политиката?
д-р Аленка Јелен, Универзитет во Стирлинг, Шкотска
Криза на довербата: Како токсичната реторика влијае на медиумите и институционалната стабилност д-р Вацлав Штетка, професор по комуникација и медиуми, Универзитет во Лофборо, Обединето Кралство
Модератор: д-р Ива Ненадиќ, Центар за медиумски плурализам и слобода при Институтот на Европскиот универзитет, Фиренца, Италија
Сесија 2: ПОВРШНО наспроти БАВНО НОВИНАРСТВО – МОЖАТ ЛИ МЕДИУМИТЕ ДА ПОМОГНАТ ВО ВРАЌАЊЕТО НА ЈАВНАТА ДОВЕРБА?
Поуки од праксата: Како медиумите можат да ја поттикнат одговорноста во македонската политика Фросина Димеска, новинарка, Призма, БИРН
Како Владата на Северна Македонија дава приоритет на отвореноста при градењето доверба м-р Марија Митева, портпарол на Владата на Северна Македонија
Можеме ли да слушаме погласно? Конструктивното новинарство како лек за поларизацијата
Курт Странд, новинар, Институт за конструктивно новинарство, Архус, Данска
Кон повисоки стандарди на одговорност во новинарството м-р Драган Секуловски, директор на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ)
Модератор: Александра Теменугова, програмски менаџер во ИКС