Познатиот музичар, композитор, аранжер и хармоникаш, маестро Кирил Аслимовски, пријатно ја изненади својата публика со нешто најново и оригинално од неговиот композиторски опус.
Имено, тој промовираше ново македонско музичко иструментално дело, заедно со видеоспот, насловено како “Свети Наумско оро”.
Музиката и аранжманот се негови, снимање, миксање и мастеринг е направено во неговото професионално “ACCORDION+ Studio” во кое од неодамна работи.
Видеоспотот го снимаше и изработи Стојан Стојаноски.
Мелодијата и спотот изобилуваат со чисти изворни македонски елементи.
Но, не е на одмет, да се постетиме на уште два негови авторски, големи хитови, првиот во негова инструментална изведба, и вториот во изведба на легендарниот Војо Стојаноски.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.