Новото издание на детскиот фестивал “Илбери” ќе се одржи денеска 25 ноември 2024 година, во Македонскиот народен театар од 17 часот
Фестивалот е традиционален повеќе од две децении. На него се изведуваат нови детски песнички на албански јазик.
“Илбери” значи виножито.
Повеќе албански естрадни ѕвезди во своето детство зеле учество на “Илбери” и фестивалот им послужил за отскочна штица, како Аделина Тахири, Венера Лимани, Лаура Керлиу, Валон Сума, од Албанија Јонида Малиљи, Мариза Икономи, Артемиса Митхи, а од Косово-Дардан Бакраљи, Бесим Бериша, Арменд Адеми и многу други.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.