Македонското новинарство ја загуби новинарката Валентина Марјановиќ

По долго боледување на 22.11.2024 година во Скопје почина Валентина Марјановиќ, истакната новинарка и врвен професионалец, во весникот “Вечер”, каде го помина целиот работен век.

Таа беше во весникот “Вечер” од самите почетоци на својот работен век во 1997 година, пишувајќи текстови  во повеќе рубрики, Скопска, Црна хроника и Економија. Последната деценија беше уредник на Економија, а обработуваше и теми од здравството.

За својата работа беше добитник на повеќе награди и признанија.

Македонското новинарство изгуби многу почитувана новинарка, голем професионалец и уште поголем пријател и одлична, стрплива и коректна колешка за која по нејзина заслуга сите имаа само убави зборови.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.