Топлото лето на гевгеличани во наредниот период што следува, ќе биде исполнет со можност за посета на културни активности од областа на различни видови уметност. Имено, од 4 јули, 2022 година, почнува „Гевгелиско културно лето“, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, Пионерски дом- Гевгелија и ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија.
Меѓуинституционалната соработка меѓу локалните културни институции, по иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, на виделина ќе излезе со
организирање плејада настани во програмата за „Гевгелиско културно лето“, со локални артисти и гости кои ќе го презентираат
најдоброто во Гевгелија. И тоа, на повеќе локации на отворено во централното градско подрачје.
Како што велат организаторите, секој настан ќе биде мало изненадување за публиката. Во врска со активностите од програмата за „Гевгелиско културно лето“, местото и времето на одржување, публиката ќе може да се информира на Фејсбук-страниците на ЈОУ Дом на култура, Пионерски дом и Градската библиотека, како и на официјалната веб и Фејсбук-страна на Општина Гевгелија.
Покровител на „Гевгелиско културно лето“ е Општина Гевгелија.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.