По повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ќе одржи прес конференција на 4.11.2024 .
На настанот ќе се испрати гласна порака до јавноста дека нападите врз новинарите нема да се толерираат и жестоко ќе бидат осудени. Од друга страна, ќе биде испратена порака и до институциите да дејствуваат одговорно и да ги расчистуваат нападите врз новинарите во најбрз можен рок.
Ова ќе биде добра можност преку соработка меѓу засегнатите страни да се споделат предизвиците и можните решенија во насока на подобрување на безбедноста на новинарите и медиумските работници и слободата на медиумите во Македонија.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.