Збогум Бора Чорба!

На 4 септември 2024 година Балканот го потресе веста за загубата на омилениот рокер, Борислав Ѓоргевиќ, попознат како славниот Бора Чорба, лидерот на групата “Рибља Чорба“. По долго боледување Бора Чорба замина во вечните легенди.

Борислав Бора Ѓоргевиќ (1 ноември 1952 година, Чачак- 4 септември 2024, Љубљана), познат и како Бора Чорба, е вокалист на рок групата “Рибља чорба” од нејзиното основање во 1978 година.

Пејач, гитара, хармоника, композитор, текстописец.

Жанр: хард- рок, рок, хеви метал

На 15 септември 1978 година, по основањето на неговата група, таа станала една од најпопуларните на просторот на Југославија. Во текот на својата кариера, тој станал еден од најконтроверзните вокалисти во тоа време.

Во 1990 година го издал албумот „Коза ностра“, по кое бил обвинет за навреда на работничката класа на Југославија.

Тој бил голем противник на владеењето на Слободан Милошевиќ и тој негов став го изразил преку албумот „Њихови дани“, кој го издал сам, без учество на својата група.

Член на Демократската партија на Србија. По падот на Милошевиќ, тој бил советник на министерот за култура во владата од 2004 година, но по кратко време морал да даде оставка поради своите навреди кон телевизијата Б92.

Го сметаат и уважуваат за најголемиот рокер на овие простори, кој остави бројни хитови. Со групата “Рибља чорба” ја достигна својата најголема слава и најголеми хитови, тоа е како посебен жанр во самата рок историја на Балканот…

-Кога некој ќе каже Македонија, секогаш помислувам на Вевчани и Лазарополе- тие две места за мене се симбол за Македонија, рече своевремено.

Бора Чорба.

Вечна слава на рок великанот!

Извор Википедија

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.