Почетна МУЗИКА Забавна Музика Композиторот Љупчо Константинов замина во вечноста 

Композиторот Љупчо Константинов замина во вечноста 

17.10. 2024

Композиторот Љупчо Константинов почина на 78 годишна возраст. Роден е во Охрид, а дипломирал на музичката академија во Белград.

Компонирал музика во играни, документарни и анимирани филмови, за голем број телевизиски филмови, серии и драми, како и во над 60-тина театарски претстави.

Неговата музика е застапена во филмовите „Среќна нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“,„Тетовирање“, „Јужна патека“, „Хај-фај“ и други.

Добитник е на повеќе награди и признанија: „Златна арена“ на Филмскиот фестивал во Пула за музиката во филмот „Среќна нова ’49“; три „Златни ловорови венци“ на МЕС, Сараево; за театарските претстави: „Електра“, „Шехерезада“ и „Фауст“; награда на критиката на Вториот меѓународен фестивал во Град Мексико за најдобра музика за претставата „Шехерезада“; на тетарските игри „Војдан Чернодрински“, награда за музиката во театарската претстава „Старите фотографии“ и др.

Лани ја доби највисоката државната награда „11 Октомври“ за животно дело, како и наградата Златен објектив за 2023, која ја доделува Кинотеката на Македонија. Во 2019 ја доби наградата Голема ѕвезда на македонскиот филм на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

metropolis-big