Утре,  концерт на Северина во Крива Паланка

12

27.08.2024

Хрватската пејачка Северина настапува утре на Градскиот плоштад во Крива Паланка како што најавува организаторот како главна ѕвезда со која ќе бидат заокружени фестивалските прослави посветени на патрониот општински празник „Свети Јоаким Осоговски“- 29 август и на Денот на рударите – 28 август, кога воедно се прославува и Голема Богородица.

За големиот празничен концерт со една од најпопуларните регионални музички ѕвезди, кралицата на сцената чии хитови се неодминлив дел од секоја забава, веќе се најавени голем број посетители и гости од цела Македонија и од регионот.

Пејачката  е миленик на публиката од сите генерации, а особено е атрактивна со своите сценски настапи со кои ги поместува границите и ги диктира трендовите, па така  ќе ги разигра и разубави и празнувањата во Крива Паланка, смета организаторот.

Пред Северина, настапува Давид Темелков кој ги освои срцата на сите со хитовската песна „Мојата Македонија“, а фестивалските празнувања ќе бидат затворени  истата вечер, по настапот на Северина со концерт на енегичните, моќни и оригинални BRASS Brothers.

Концертот на Северина  и останатите концерни настапи се реализираат во рамките на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – “Град на културата 2024 “.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.