Ампов повторно на Сани хил фестивал

Ампов за прв пат настапи на Sunny Hill Festival во 2019та година во Приштина како единствен претставник од Македонија, на иста сцена со светските ѕвезди, Calvin Harris, Miley Cyrus и Dua Lipa. По одличниот настап во 2019та година искусниот тим на Sunny Hill Festival повторно се одлучи како единствен претставник од Македонија да го покани дефинитивно најперспективниот македонски диџеј Ампов, овој пат во Тирана на иста сцена со Hardwell, Afrojack, Stormzy, Fedez, Action Bronson.

Иако релативно млад, 19 години, Ампов има богато искуство и настапувано на иста сцена со Martin Garrix, Hardwell, Аxwell & Ingrosso, Alan Walker, Adam Beyer, а во јуни годинава ја имаше честа да го затвори Fusion Festival по настапот на мегаѕвездата Tyga.

Директор на фестивалот е Dukagjin Lipa, татко на познатата пејачка Dua Lipa кој уште минатата година најавуваше дека секое следно издание ќе биде поатрактивно и поуникатно од претходното.

Sunny Hill Festival – Тирана ќе се одржи на 26, 27 и 28 Август.

https://www.instagram.com/ampovofficial

С

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.