Вчеравечер Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ во рамките на „Отворениот ден“ на УКИМ официјално го отвори 40. јубилејно издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.
Настанот започна со дефиле на учесниците, од спомен-куќата на Мајка Тереза со почеток кон ,,Плоштадот Македонија“ .
Годинава на Фестивалот ќе учествуваат: Германија, Турција, Северен Кипар, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Македонија.
Идејата за организирање на МСФФ потекнува од студентите на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во знак на благодарност кон земјите кои помогнаа во изградбата на разрушеното Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година па оттука овој фестивал се нарекува и ,,Фестивал на солидарноста”.