Успешен настап на младата пијанистка Мазнејкова во Тирана

15.10.2022

Вчеравечер во организација на македонскиот Културноинформативен  во Тирана, настапи нашата млада пијанистка Ивана Мазнејкова, која го отвори фестивалот „Магична флејта“ во Тирана.

Таа, пред многубројната публика се претстави со три дела од композиторот Сезар Франк.

Како што информираат од КИЦ-Тирана, нејзиниот настап беше бравурозен, нежен и мајсторски, иако има само 16 години, на што публиката возврати со многу емоции. Директорот и композитор на фестивалот, Фатос Керимај, воодушевен пред публиката изјави: Taa свири различно од сѐ што сум слушнал, јас и предвидувам блескава иднина“. Веднаш после настапот, мнозина од публиката, посакаа да се фотографираат со неа.

Македонскиот Културноинформативен центар, овој месец продолжува со своите активности, веќе на 27,28 и 29 октомври подготвува  „Денови на македонска култура во Корча“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.