Даниел Тошевски, со посебен мотив, неодамна направи убава преработка на стара народа песна.
-Ова е една од нашите традиционални народни песни кои доколку повторно не се оживеат ќе се заборават. За тоа да не се случи и традицијата на овие квалитетни песни да продолжи, јас се одлучив да ја преработам токму оваа песна која своевремено ја пееше Вања Лазарова и се вика “Ти ли се најде Лено мори”. Снимена е во студиото “Подрум” кај продуцентот Ангел Ќосев кој ја отсвире и клавијатурите, а за да прозвучи песната токму традиционално како и пријатно за уши, флејта свири Ристо Тасев Босилски, човекот кој го направи и аранжманот, ни раскажа Даниел.
Песната може да се послуша на следниот линк:
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.