Стефан Миленковиќ со „Кармина Бурана“ вечер на „Охридско лето“

Светски познатиот виолинист, Стефан Миленковиќ и реномираниот ансамбл „Камерата Нови Сад“, вечерва ќе настапат на сцената Долни Сарај со изведба на уникатното дело „Кармина Бурана“ во рамките на програмата на „Охридско лето“.

Претставувајќи го проектот, денеска на прес-конференција Миленковиќ појасни дека „Кармина Бурана“ е верзија за виолина и камерен оркестар.

– На тоа додадовме дела кои се вклопуваат во прогрмата тоа се „Три Прелудиуми“ од Гершвин со аранжман за виолина и камерен оркестар, „Лето“ од Пјацола затоа што е лето и „Квин“ на Фреди Меркјури со „Бомеска рапсодија , дело кое моравме да го вклопиме во програмата без оглед на сезоната, фестивалот и стилот, будејќи е безвременска балада, истакна Миленковиќ.

„Кармина Бурана“, појасни, во суштина е дело, засновано на записи од 7. век, кои се пронајдени во манастир во Баварија, напишани од т.н. Голијарди.

– Врз основа на тоа Карл Орф го напишал феноменалното дело „Кармина Бурана“. Тесктовите говорат за разни работи, за љубов, живот, улогата на среќата во животот. Во суштина тие групи биле мали и свиреле со неколку инструменти, а не со 200 луѓе на сцена. И кога прв пат кога почнав да разговарам на таа тема со Ана Крстајиќ како би можеле ова дело да го собереме во мала форма испадна дека таа форма се приближила до оригиналниот облик и видовме дека има можност и дека тоа ќе биде феноменална идеја, додаде Миленковиќ.

Уметничкиот раководител на ансамблот „Камерата Нови Сад“, Марко Милетиќ смета дека програмата е одлична за настап на овој реномиран Фестивал.

– Сметам дека со подобра програма на еден ваков Фестивал и вакво фантастично место, не можеме да се претставиме. Се надевам дека сите ќе уживате во вечерашниот настап, рече Милетиќ.

Директорката на националната установа „Охридско лето“ Наташа Поповиќ истакна дека публиката ќе може да погледне уште еден проект со врвен квалитет и реномирани уметници кој изобилува со енергија, страст, врвна интерпретација.

– Виртуозот на виолина Стефан Миленковиќ од рана возраст го доби епитетот ,,чудо од дете”, а поради неговите врвни настапи, тука, на фестивалската сцена на „Охридско лето“, слободно можам да кажам дека е наш голем пријател и миленик на публиката, рече Поповиќ.

Миленковиќ,досега имаше можност да ѝ се претстави на македонската публика и секогаш со голем успех.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.