Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, на 22.06.2024г. (сабота) ќе се одржи концерт на Јана Каевска – флејта, Ивона Базгалоска – пијано, како и гостин на вечерта Ана Трсунова – флејта. Концертот ќе се одржи во Музеј на македонската борба, со почеток во 20:30 часот.
Влезот е слободен.
Програмата на концертот ќе опфати дела од Г. Коларовски, Ф. Мартен, С. Прокофјев, А. Грнин, П.И. Чајковски, како и Т. Прокопиев.
Јана Каевска е родена во Скопје, 1999 година. Своето музичко образование го започнува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на проф. Николина Ефтимова Тодоровска. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2021 година како дел од класата по флејта на проф. м-р Страшо Темков. Како ученик, а потоа и студент редовно настапува на училишните концерти и циклусот концерти Musica viva на ФМУ. Член е на квартетот Аулос од 2018 година со кој има оставарено бројни настапи. Како дел од Аулос има настапувано на значајни фестивали како Денови на Европско Скопје 2021, Скопско лето 2022, БитФест 2022. Настапува на Првата регионална средба на флејтисти „Flauta & me“ во Загреб, 2019 година како и на Втората регионална средба на флејтисти „Flauta & me“ во Нови Сад, 2023 година и тоа како солист и како дел од квартетот Аулос.
Учествувала на мастер класови по флејта предводени од Дејан Гавриќ(Германија/Србија), Каролина Шантл Зупан(Словенија), Тито Чикарезе(Италија), Метод Сирониќ(Хрватска), Марта Коберски(Хрватска), Наталија Јовиќ-Александрова техника(Србија), Ива Љубомирова(Бугарија), Матеј Зупан(Словенија), Улф-Дитер Шаф(Германија), Роберт Вин(Германија). Како пасивен учесник е дел и од мастер класови предводени од светски реномираните флејтисти Емануел Пају и Денис Бурјаков.
Ивона Базгалоска е една од најактивните и најнаградуваните млади македонски пијанисти. Првата фаза од нејзиното музичко образованието го започнала во ОМУ „Методи Патче“ во родниот Охрид во класата на професорот Даниел Чуркоски, каде што завршила како првенец на генерација. Од 2010 година до денес таа е добитник на бројни специјални и први награди на државни натпревари. Редовно учествува на ревијални концерти и одржува самостојни концерти. Ивона соработува со реномирани диригенти како Борјан Цанева, Игор Манашерова и Ле Фи Фи. Таа настапила три пати како солист со Македонската филхармонија, а во 2021 г. настапува и како солист со „Санкт Петербуршката камерата’’ во Санкт Петербург.
По завршувањето на средното музичко образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј” во класата на професорката д-р Нина Костова, врачена и е награда за најдобар инструменталист доделена од семејството на Илија Николовски – Луј. Своето образование го продолжува на Факултетот за музички уметности каде што дипломира со највисока оценка во класата на проф. д-р Нина Костова. За време на своето образование Ивона е и под менторство на признатите педагози и професори, проф. Борис Романов и проф. Људмила Романова. Магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје под менторство на проф. д-р Нина Костова.
Нејзиното натпреварувачко искуство вклучува 7 специјални награди и бројни успеси на национално и меѓународно ниво, а се издвојуваат награди на натпреварите: „Музичка перспектива”; во Москва; „Grand Piano in Palace”; во Санкт Петербург; „Еутерпе” во Корато; „Golden classical music awards”; во Њу Јорк; „Виртуоз” во Лондон; „Neuvelles Etoilles”; во Париз и други. Базгалоска редовно одржува самостојни концерти во Охрид и Скопје. Од нив се издвојува солистичкиот концерт во црквата Св. Софија во Охрид во 2018 година. Одржува и солистички концерт во странство како дел од фестивалот Concerti del Tempietto во Рим. Настапува и на значајни фестивали во Македонија како што се, „Златна лира“, „Есенски музички свечености“, „Про музика“ „Денови на македонска музика“.
Освен репертоар за соло пијано, свири и камерна музика и соработува со признати музичари во Македонија. Во 2018 година, таа настапува на фестивалот „Златна лира“ заедно со виолинистот Александар Иванов. Ивона формира клавирско дуо со проф. д-р Нина Костова. Во 2023 год. пијано дуо Костова – Базгалоска концертираат низ градовите во Македонија како и во Загреб, Хрватска.
Ана Трсунова е млада флејтистка од прва година во класата на проф. м-р Страшо Темков во Факултетот за музичка уметност во Скопје. Ана своето музичко образование го започнува на осум годишна возраст во Државното музичко училиште во Битола, учејќи флејта кај проф. Александар Стефановски. Во своето средно образование има прилики да свири во склоп на Битолскиот дувачки оркестар, како и во Битолскиот камерен оркестар на фестивалот за кларинет и саксофон „SaxClar“. Како млад музичар, се стекнува со повеќе награди на натпревари, меѓу кои и прва награда на Собирот на флејтисти „Тахир Куленовиќ“ во Ваљево, Р. Србија во февруари изминатава година. По повод „Денови на Владо С. Милошевиќ 2024“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина, одржа концерт со камерниот состав заедно со Јана Каевска и Леона Мариќ под менторство на својот професор Темков. Како студент е редовен учесник на циклусот концерти во склоп на факултетот „Musica Viva“, како и член во камерни состави и симфонискиот оркестар при ФМУ- Скопје.
За сите дополнителни информации, следете на:
„Facebook“: Facebook
„Instagram“: Skopsko Leto (@skopskoleto) • Instagram photos and videos