Се наближува 41. Скопски џез фестивал, влезниците се во продажба

Влезниците за претстојното издание на традиционалниот Скопски џез фестивал, што годинава ќе се одржи од 13 до 16 октомври, се веќе достапни на билетарниците на НОБ, МКЦ и онлајн на МКтикетс.

Фестивалот годинава е сочинет од 10 концертни настапи и еден документарен филм. Програмата е извонредно силна, внимателно составена и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес:

13 октомври
НОБ, 20.00 >> Rob Mazurek Exploding Star Orchestra with Fame’s Chamber Orchestra
МКЦ, 23:00 >> Zulu 3.4

14 октомври
НОБ, 20:00 >> Hamid Drake’s Turiya: Honoring Alice Coltrane
МКЦ, 23:00 >> Abacaxi • Taxi Consilium

15 октомври
НОБ, 20:00 >> Amaro Freitas Trio • Goran Kajfeš Subtropic Arkestra
МКЦ, 24:00 >> New Future City Radio (Damon Locks / Rob Mazurek / Mauricio Takara)

16 октомври
НОБ, 20:00 >> Thumbscrew • Ingebrigt Håker Flaten (Exit) Knarr

ПРОГРАМА ПЛУС
12 октомври
МКЦ Кино Фросина, 20:00 >> Summer Of Soul – документарен филм

——
Повеќе детали за фестивалот: www.skopjejazzfest.com.mk
Инфо за билетите: http://skopjejazzfest.com.mk/bileti.asp

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.