Поетско-музички перформанс „Љубовта е најважна „ на 11.06 (четврток) пред КИЦ

Културно-Информативен Центар – Скопје,  на 11.06.2020г. во паркот пред КИЦ-Скопје со почеток во 11:00часот  ќе го одржи  поетско-музичкиот перформанс  “Љубовта е најважна”.

Изминатиов период, уште еднаш ни покажа дека и во непредвидливи, најтешки ситуации кои не можеме да ги контролираме, единствено љубовта е главниот двигател на човекот и таа му дава сила да издржи и да се прилагоди на сите предизвици ,вели во соопштението одговорната за настанот Емилија Михајлова.

Не џабе низ векови од постоење на цивилизацијата, емпатијата и љубовта кон луѓето создавала “чуда“, а уметниците , пиателите, актерите, музичарите љубовта ја земале како неприкосновна вечна инспирација, во своите дела, се додава во соопштението на КИЦ.

Токму настанот „ЉУБОВТА Е НАЈВАЖНА“ ќе го посветиме на поезијата и музиката создадена од љубовната инспирација.

 

На настанот делови од најубавата македонска поезија ќе читаат актерот Благоја Чоревски-Чоре и авторот Татјана Гогоска

Љубовните звуци ќе ги чуеме преку хармониката на Јовче Петковски и неговите ученици а сето тоа под модераторство на  Валентина Ѓоргиевска- Парго 

Настанот ке оди на LIVE STREAM на ФБ страница на КИЦ – Скопје

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.