Запис на Валентина Ѓоргиовска-Парго
Велат онаму каде што завршуваат зборовите започнува музиката. Музиката е месечева светлина, која не води низ темните глуви ноќи во животот. Таа е лекот за умот и душата, таа допира онаму каде ништо друго не може, длабоко во срцето.
Така и звучеше концертот што на учениците од професорот на маестро Јовче Петковски, што неделава се одржа во организација на Општина Илинден !
На концертот настапуваа ученици на маестро Петковски и се слушнаа прекрасните звуци на македонскте песни и ора. „Не кани ме со очите, не барај таква љубов да премолчиме“, … оваа љубовна приказна од Миле Кузмановски ,заедно со прекрасната Лихнида која кајче веслаше ја пренесе Матеј. Љубовта отсекогаш била и ќе биде главната инспирација, љубовта на едно момче кон една девојка и нејзината просидба опеана во нарадната песна „Голем мерак имам бабо“ , ја испеа младата интерпретаторка Ирина Крстевска..
„Зајди зајди“ .. се споредува со македонски блуз, песна со едноставно кристално јасно стихови песна испеана од Сариевски а ја пренесе со своја изведба Ирина….
„Јовано Јовано“, уште една љубовна приказна која го разигра сечие срце преку во една поинаква изведба на музичарите и гласот на Теодор Ристовски…
Потоа уметниците ги разнежнија присутните со тоновите на кавалот и убавите песни „Јано мори„… „Дејгиди луди млади години“-за годините кој минуваат и никогаш не се враќаат……….. Крикот на македоноцот ке го разбуди екотот на тапаните тој вековен традиционален македонски инструмент….
Се слушнаа и звуците на уште две убави преработки на „Абер дојде Донке“ песна испеана од кадифеното грло на Кирил Манчевски и „Судбо моја“ песна испеана од легендарната Васка Илиева во изведба на Теодор и Ирина…..
Следуваа песни ,бисери од македонската богата културна ризница: „Филизој моме“ ,„Ја изелзи Ѓурѓо“; „Лено мори“,кои ја расположија и разиграа присутната публика во Општина Илинден….
Таа убава вечер со музиката, познатите звуци на песната и орото заврши со заедничка изведба на познатата песна од групата Меморија “Дирлада“.
На крај до следното видување едно големо браво за професорот Јовче Петковски и неговите ученици како и Општината Илинден, која сето ова го организираше.