Со три биса и стоечки овации заврши концертот на познатиот француски музичар со светско реноме и човек кој го носи епитетот “Паганини на контрабасот” – французинот Рено Гарсија Фонс, во четвртокот (24 октомври) во Македонска филхармонија. Возбудлив тричасовен концерт, на кој маестрото настапи како солист пред македонската публика, заедно со оркестарот на Македонската Филхармонија. Познат по неверојатната способност да отсвири речиси непрепознатливи звуци и со неговата уникатна и единствена техника на свирење, тој ги изведе првата и втората свита од балетот „Дафнис и Клое” од Морис Равел, а со оглед на тоа што компонира и музика за неговиот инструмент – пред специјално за оваа прилика создаде и премиерно изведе нова композиција, со која ги извлече сите највозвишени чувства и сите аплаузи на радосната публиката. Концертот се одвиваше под диригентската палка на мултиталентираниот и високо респектиран македонски музичар Џијан Емин, за кого овој настап беше со посебно значење затоа што за прв пат го предводише оркестарот на неговата матична куќа, на концерт кој што спаѓа во рамки на редовниот репертоар на филхармонијата.
Концертот насловен „Сите лица на басот”, заврши со стоечки овации поради кои мораа три пати на бис да изведуваат дела пред ората и задоволна публика, магепсана од францускиот музички шарм и македонска инстеументална изведба. Валентина Ѓоргиевска Парго
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.