Во Вевчани се одржува фестивалот “Пображење”

12-тото издание на Фестивалот за народна култура ,,Пображење” се отвори синоќа во Вевчани.
Организатор е културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани, а според Кирил Бебекоски, член на советот на Фестивалот, и годинава ќе понудат богата програма.
Со концертот „Од умот се подизгубив… за едно лично“ во изведба на Државно – музичкиот балетски училишен центар „Илија Николовски – Луј“, во центарот на Вевчани беше отворено 12. издание на фестивалот на народна култура ,,Пображење”.
– Првите две фестивалски вечери се наменети за презентација на народната култура од земјава и странство преку учество на фолклорни ансамбли, а третата е посветена на традиционалната народна музика, која оваа година ќе ни ја донесе музичката група „Чалгии мерак“ од Скопје. Имаме две изложби на фотографии, едната насловена „75 години организиран фолклор во Вевчани“ во организација на КУД „Дримкол“, а другата е со традиционални носии насловена „Од Љубанишча до Дебор“ од Љупчо Милошевски, информира Бебекоски.
Организатор е културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани, а според Кирил Бебекоски, член на советот на Фестивалот, и годинава ќе понудат богата програма.
– Првите две фестивалски вечери се наменети за презентација на народната култура од земјава и странство преку учество на фолклорни ансамбли, а третата е посветена на традиционалната народна музика, која оваа година ќе ни ја донесе музичката група „Чалгии мерак“ од Скопје. Имаме две изложби на фотографии, едната насловена „75 години организиран фолклор во Вевчани“ во организација на КУД „Дримкол“, а другата е со традиционални носии насловена „Од Љубанишча до Дебор“ од Љупчо Милошевски, информира Бебекоски.„Пображење“ покрај презентацијата и развој на народната играорна култура, дава придонес и за развој на научно – истражувачката дејност во нашата земја.
– Оваа година во рамки на фестивалот ќе биде промовирана книгата „Лазарската обредна пејачка традиција во Македонија“ од професорките Родна Величковска и Катерина Петровска – Кузманова од институтот за фолклор „Марко Цепенков“. Ќе се одржува и работилница по фолклор „Од музика до оро со Луј“, на која професорите од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Благица Илиќ, Стојанче Костов и Оливер Настовски ќе презентираат и поставуваат за сцена истражувачки материјали од етничкиот предел Скопска Блатија, истакна Бебекоски.
Покрај уметници од фолклорната дејност, ќе учествуваат и ликовни уметници во програмската содржина: „Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници“, а оваа година учесник е академскиот ликовен уметник Никола Угриноски.
Фестивалот на народна култура „Пображење“ во Вевчани е под покровителство на Министерството за култура и на Општина Вевчани.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.