Промовирана композицијата “Прошетка” на Марјан Јанкоски и “Портал”

Во очи на големите православните христијански празници Бадник и Божиќ, поточно на верскиот празник Денот на Св. Наум,  премиерно на Јутјуб каналот е објавена и промовирана композицијата “Прошетка”, во духот на изворниот чист македонски етно мелос.
Композицијата “Прошетка” е дел од најновиот авторски студиски музички материјал на маестро Марјан Јанкоски и музичкиот состав “Портал”.
Таа е комплетно авторско дело на Марјан Јанкоски, нашиот истакнат универзитетски професор, мултиинструменталист и автор на музика, чии дела се изведуваат на разни меридијани.
Ова е уште едно од низата најнови музички остварувања кои професорот Јанкоски ги создава за овој музички состав и истата ќе биде дел од нивниот најнов студиски албум.
Во композицијата учествуваат членовите на “Портал”:
Марјан Јанкоски- кавал, хармоника
Елена Ѓоргиевска- виолина, вокал
Ангеле Михајловски- пијано
Сашко Петрев- тамбура
Иле Колев- кларинет
Златко Панов- виола
Стојанче Наумовски- виолончело
Ратко Даутовски- ударни инструменти.

 

Убавина!

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.