Филхармонија деновиве организира посебен културен настан, свечен концерт по повод големиот јубилеј на Бигорскиот Манастир – 1000 години од неговото основање. Со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат: Кристијан Антовски (баритон), Игор Милевски (виолина), Петар Христов (кларинет) и Тимко Чичаковски (канон).
На концертот ќе бидат изведени стари македонски изворни композиции а ќе се одржи на 23 септември (среда), во Големата сала на Филхармонијата, со почеток во 20 часот.
Бидете и Вие дел од овој уникатен настан, за заедно да му оддадеме чест на Бигорскиот Манастир, кој веќе 1000 години ја облагородува македонската земја.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.