“Љубов без граници” концерт на Destiny Quartet

Самостоен концерт во Македонска Филхармонија на квартетот потпишан на музички теми на познати светски филмови

Скопје, 05.04.2024 година
– Познатиот балкански квартет “Destiny Quartet“ ќе одржи самостоен концерт во Македонска Филхармонија на 18. април, 2024 година со почеток од 20:00 часот. Во рамки на својот настап, “Destiny Quartet” ќе се претстави со двочасовно концертно шоу со оригинално сценарио, импресивна кореографија и впечатливи визуелни ефекти кои нема да ја остават публиката рамнодушна.

Составен од висококвалификувани академски музичари, “Destiny Quartet“ е препознатлив по својот разновиден репертоар составен од модерни аранжмани на класични дела, филмски партитури и популарни музички хитови. Четирите дами дел од квартетот – Гергана Алексиева (виолина), Венета Гудева (виолина), Александрина Митева (виола) и Маја Михајловска (чело), со својата виртуозност на сцената креираат чиста музичка магија, демонстрирајќи одлична техника на изведба и пленејќи со апсолутна женственост.

Како аранжер на музиката на квартетот се потпишува светски познатиот композитор Маурицио Абени, познат по неговите соработки со музички икони како Андреа Бочели и Луис Бакалов. Дополнително, аранжманите на квартетот ги оживува реномираниот инженер за звук Марко Страчони, чие импресивно портфолио вклучува над 500 музички композиции за филмови- добитници на Оскар, Златен Лав и Златен глобус.

Меѓу оригиналните аранжмани на “Destiny Quartet” се безвременските музички теми како “El Choclo“, “Tico-Tico“, “Miserlou-Flamenco“, “Ederlesi“, “Black Eyes“, “Ladybug“, “Scent of a Woman“, “Nah Neh Nah“ и многу други. Дополнително, “El Choclo“ е претставена и во трејлерот за филмот “Tango Shalom”, најновото филмско остварување на режисерот Џоел Цвик (Joel Zwick), препознаен по филмот “Мојата голема дебела грчка свадба“ (My Big Fat Greek Wedding).

Самостојниот концерт на “Destiny Quartet“ е насловен како „Љубов без граници“, што всушност ја доловува и филозофијата на квартетот. Ова, во пракса го демонстрираат со голем број соработки во регионот, меѓу кои гостувањето на концерт на Влатко Стефановски и разработката на познатата народна песна “Јовано Јованке“ со дуото Александар и Дац. Спојувајќи ја музичката разновидност на различни култури, Destiny е квартет на светот. Нивната амбиција и квалитети се веќе видени на различни меѓународни концертни сцени, огромни корпоративни настани низ Европа и приватни забави.

Челистката во квартетот, Маја Михајловска, е воедно и дел од Македонската филхармонија, што дополнително додава посебно значење на претстојниот концерт.

Влезниците за самостојниот концерт на „Destiny Quartet“ во Македонската филхармонија се веќе достапни за купување. Сите заинтересирани да ја доживеат магијата на „Destiny Quartet“ во живо на сцената, за повеќе информации и резервации на билети, може да ја посетат веб страницата на “Купи Карти“ (https://www.karti.com.mk/destiny-quartet.nspx) или “МК Тикетс“ (https://mktickets.mk/en/event-en/destiny-quartet/).

Официјални Социјални канали на Артистите:
Инстаграм – https://www.instagram.com/destiny.quartet/
Фејсбук: www.facebook.com/Destiny.quartet/
Јутјуб Канал: https://www.youtube.com/channel/UCOPo5WtmZzWCPyyobTWdANw

“Destiny Quartet“ е најпопуларен гудачки квартет во Бугарија и првиот во стил на кросовер со милиони прегледи на најпознатата платформа за споделување видео во светот – Јутјуб. Составен од Гергана Алексиева (виолина), Венета Гудева (виолина), Александрина Митева (виола) и Маја Михајловска (чело), квартетот досега стои зад голем број современи аранжмани на класични и филмски ремек-дела, меѓу кои “Libertango“, “Asturias“, “Besame Mucho“, “Destiny“ (петтата симфонија на Бетовен) и “Scent of a Woman” кои ја воодушевуваат публиката. Во основата на високо препознатливиот стил и начин на интерпретација на делата изведени од квартетот стои докажан музички тим од Италија, меѓу кои композиторот Маурицио Абени и инженерот за звук Марко Стрaчони. Во портфолиото на квартетот се вбројуваат и бројни награди и признанија, а го имаат издадено и првиот чоколаден музички албум во светот – „Scent of a Woman“.
www.destiny.bg

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.