По повод чествувањето на заштитникот на Гевгелија, христијанскиот празник Вознесение Христово – Спасовден, Домот
на културата „Македонија“- Гевгелија, под покровителство на Општина Гевгелија, организира богата културна програма. Тридневната културна програма ќе започне на 1 јуни, 2022 година, со препознатливата манифестација за градот Гевгелија, „Распеана чаршија“, на плоштадот „Сава Михајлов“, со почеток во 20 часот. Истиот ден, пред платото на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 21 часот, ќе биде отворена Изложба на фотографии и презентација на видео-материјали „Манастирите и
црвките во Гевгелиско (Стара Гевгелија).
На 2 јуни, културната програма продолжува со гостувањето
на балетскиот ансамбл при НУ Национална опера и балет и
изведбата на балетската претстава „Ла, ла, ла“, во режија и кореографија на Саша Евтимова. Балетската претстава ќе се
одигра во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20 часот.
Културната програма завршува со отворање на Изложба на друштвото на ликовни уметници од Гевгелија- ДЛУГ, на 3 јуни, во фоајето на Народниот театар, со почеток во 19 часот, како и
Концерт на класична музика, во изведба на Маја Чанчаревиќ (англиски рог) и Ана Гацева (пијано).
По повод одбележувањето на заштитникот на градот Гевгелија, Општина Гевгелија и ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија ги покануваат граѓаните од општината да присустуваат на настаните и да уживаат во програмата.
Културна програма за Спасовден во Гевгелија
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.