Оперскиот театар на Сполето „А. Бели“, во соработка со Универзитетот за уметност во Тирана, го претставува BALKANIKOPERA 2023, конкурс за албански и балкански оперски пејачи (граѓани на Република Северна Македонија, Црна Гора, Република Србија, Босна и Херцеговина, Грузија, Украина, Тунис, Ерменија и Косово) чии 3 победници ќе бидат поканети да учествуваат на 77-то издание на натпреварот „Европска заедница“ 2023 за млади оперски пејачи (граѓани на Европската унија, земји членки на ЕФТА, земји кандидати за пристап во Европската унија или потенцијални кандидати како и земјите кои зеле учество во европските културни програми
„Креативна Европа“ барем до датумот 15.05.2022 година (Албанија, Северна Македонија, Црна Гора, Република Србија, Босна и Херцеговина, Грузија, Украина, Тунис, Ерменија и Косово – врз основа на резолуцијата бр. 1244 од Советот за безбедност на Обединетите нации – Турција,
Израел, Палестина).
Овој конкурс има за цел да ги воведе во професијата на оперската уметност младите со особени уметнички талент кои по завршувањето на студиите по пеење, сè уште не дебитирале на сцената.
Аудициите за натпреварот се наменети за млади луѓе кои до 1 јануари 2023 година не наполниле
32 години, во случајот на сопрани и тенори, или 34 години, ако се мецосопрани, контралтоси, баритони и баси.
Натпреварувачите кои ќе ги поминат селекциите, кои ќе се одржат во Тирана, ќе се стекнат со
пристап за конкурсот „Европска заедница“ 2023 година што ќе се одржи во Сполето на 1,2,3 и 4
март 2023 година.
Оперскиот театар на Сполето ќе ги покрие трошоците за патување и полн пансион за тројцата победници на селекцијата во Тирана во времетраење на натпреварот во Сполето.
Пејачите кои ќе победат на натпреварот „Европска заедница“ ќе бидат примени да учествуваат на
двогодишен СТУДИСКИ КУРС кој ќе ги подготви за нивното деби на оперската сцена. Овој курс
вклучува и индивидуални стипендии за три месеци и договор за уметничко пишување за два месеци и за 2023 и 2024 година, и вкупна стипендија во вредност вредност од 5.000 евра годишно за секој победник, како и вонредни награди за првите три класифицирани со вкупна вредност од 10.000 евра.
На крајот на курсот победниците ќе дебитираат во ОПЕРСКАТА СЕЗОНА 2023 на Оперскиот театар на Сполето, која ќе се одржи – како и традиционално – во месец септември.
Краен рок за пријавување на аудициите: 7 февруари 2023 година. Изборот ќе се одржи на 17 и 18 февруари на Универзитетот за уметности во Тирана.
За повеќе информации и за пристап до повикот за аудиции на BALKANIKOPERA,консултирајте ја страницата на Teatro Lirico Sperimentale во делот Вести: https://www.tls-belli.it или
контактирајте со Универзитетот за уметности во Тирана.
Конкурс за оперски пејачи Балканикопера 2023 – Оперски Театар Сполето
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.