Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија на 13 октомври 2022 (четврток), со почеток од 19 часот, ќе се одржи концерт на Македонскиот брас квартет. Музичката формација во состав: Стојанче Косовски – труба, Александар Златески – труба, Горан Јанев – хорна, Владан Дробицки – тромбон ќе исполни познати музички дела од: Г. Ф. Хендл, Х. Персел, Џ. Ф. Анерио, М. Равел, Н. Р. Корсаков, А. Пијацола, А. Алјабиев.

Македонскиот брас квартет е основан во 2013 година, од кога се бележат и првите нивни настапи. Музичарите од квартетот се колеги, вработени во Национална Опера и Балет во Северна Македонија. Имаат настапувано ширум градовите на Северна Македонија, во Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Тетово Берово и Скопје, во склоп на фестивали и самостојни концерти.

Македонскиот брас квартет во 2019 година се претстави пред полн салон на КИЦ во Софија. Составот ја пречекува публиката со нова концертна програма на нивниот втори концерт во КИЦ на РСМ во Софија.

Стојанче Косовски е прв трубач во Национална опера и балет од 2005 година хонорарно соработувал со Битолската камерна опера, Национална филхармонија, Градските оркестри на Битола и Скопје, проектански оркестри од Австрија и Белгија.

Александар Златески е прв трубач во Национална Опера и Балет, хонорарно соработува со градскиот оркестар, Национална филхармонија и здружение на џез музичари ЗЏМ.

Горан Јанев е прв хорнист на Национална Опера и Балет, хонорарно соработува со Национална Филхармонија, проектански оркестри од Бугарија и оркестарот за филмска музика Fames Скопје.

Владан Дробицки е прв тромбонист на Национална Опера и Балет, хонорарно соработува со градскиот оркестар на Скопје, Национална филхармонија и здружение на џез музичари ЗЏМ.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.