Престојниот концерт на германскиот пијанист Лука Шестак ќе се оддржи на 19 Октомври 2024 во 20.30 часот во големата сала на Македонска Филхармонија.
На 19.10. 2024, сабота, со почеток во 20.30 часот како дел од европската турнеја во Големата Сала на Македонска Филахармонија за прв пат во Македонија ќе настапи германскиот пијанист ЛУКА ШЕСТАК.
Пијанист и композитор,кој е светски признат по својата виртуозност, комбинирајќи класична музика со џез, поп, блуз, фанк, хип-хоп и електронски стилови. Со неверојатни 30+ милиони прегледи на неговиот You Tube канал, а воедно и добитник на меѓународни престжни награди во областа на музиката слободно може да се каже дека ѕвездата е родена.
По неговото издание во 2020 година на синглот „Right or Wrong“ за Sony Music, Шестак се враќа до неговите корени со албумот „Lighter Notes “ со кој и премиерно ќе се претсави на македонската публика.
„Во текот на годините, мојата музика беше под влијание на џез, фанк, поп, блуз, хип хоп и електро битови. Со „Lighter Notes“ сакав да создадам албум кој ги прикажува овие влијанија, но не е „вообичаениот“ албум со џез звук што може да се очекува“, ќе изјави Шестак.
„Тоа е повеќе судир помеѓу жанровите и звучните светови“.
Премиерно со неговото трио и за македонската публика во Скопје со концерт за кој долго ќе се прераскажува.
Концертот е во организација на МГ Мјузик Продукција.
ttps://www.youtube.com/watch?v=Oiz14BONknA