Флејтистите на “Аулос” со концерт во Гевгелија

 

Во Гевгелија денеска , 3.10.2022, гостуваше квартетот флејтисти „Аулос“ од Скопје. Концертот беше одржан во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 19.30 часот.
На програмата за концертот беа дела од повеќе музички композитори: Моцарт, Бричалди, Бифтинк, Боца, Бертомис и Гајат.
Квартетот „Аулос“ е присутен на македонската сцена речиси 14 години. Низ годините составот на ансамблот се менува, а го сочинуваат дипломирани флејтисти или студенти од класата на реномираниот професор по флејта, Страшо Темков. Моментално
дел од квартетот „Аулос“ се млади флејтисти: Јана Каевска, Пандорка Јанаќиева, Ангела Димковска и Александар Лолески, кои ја претставуваат новата генерација на квартетот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.