КСП Подиум-Јадро Кавадарци во соработка со Bed Time Story, го прикажува ДЏ Тевидма со шестмина ВЏ. Настанот ќе се случи на 31 октомври, во 21 ч., и ќе се прикажува во живо на YouTube кналот на КСП Подиум-Јадро Кавадарци.
Тевидма е артист кој ги искажува хипнотичките и длабоките шумските звуци во Берлинското техно.
Тој се стреми кон совршен баланс на безвременската музика исполнета со дистописки баслини,енергични средни тонови и интензивни мелодии во високите тонови.
Визуелајзери на настанот се: Марија Дичова Наумоска, Лина Дамјан, Томи Соколов,Габриела Дамјановска, Ема Велковска и Лорета Стефановска.
Настанот ДЏ х ВЏ е дел од проектот „МОДЕЛИ НА ЈАВНО-ЦИВИЛНИ ПАРТНЕРСТВА:НОВ БРАН НА КУЛТУРНИ ПОЛИТИКИ И ПРАКТИКИ ЗА КО-УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЕДНИЧКИТЕ ДОБРА“,2021 година финансиран преку Министерство за култура на РСМ.