15 години без Ангелот: “Пушти ме” и “Цреша”, почеток и крајот, кои го означија Тоше за сите времиња!

“Нема зошто јас да молам” е првиот отпеан стих на Тоше на естрадната сцена на “Макфест” во далечната 1997 година, која ја испеа песната “Пушти ме” од авторот Горан Милошески, во која понатаму пее и “…пушти ме од љубов да умрам”
Песна која на младиот талент му донесе награда за најдобар млад изведувач од меѓународната организација на фестивали, ФИДОФ, но и годинина во која за прв пат некој изведувач остана без сместување и мораше да си замине. Како најмал, нему му падна таа среќа, да нема место во хотелот, во тогашен “Астибо”.

 

 

“Цреша” пак е песна со која како вечно да сакаше да остави таен аманет дека таа е негова песна и во која пее – “нека земе што му треба секој…и на славеј камен фрла некој”и ја прогласи за биографска, на својот последен голем концерт на Градски стадион.

***
Кусо потсетување во рамките на денешен ден, кога пред 15 години прекина да чука срцето на пејачот кого го нарекуваа Ангел, и кога беше жив а и откако го нема.
Но, за волја на вистината прва песна која ја има испеано на училишна приредба во неговото Крушево, е “Наставничке пријателке” од Јанко Узунов, а потоа настапи на фестивал за млади таленти во Прилеп Мелфест 1997, со песната Yesterday од Битлси. во Прилеп, градот каде е роден.
Тодор Тоше Проески (Прилеп, 25 јануари 1981 — Нова Градишка, 16 октомври 2007) е најголемата ѕвезда на македонската и на балканската музичка поп сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Омилен и по неговото “Ве сакам сите”.
Имаше соработка со познати макеоднски автори. Википедија пишува дека имал соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Фибос, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори, но имаше познати песни и од Кире Костов и други.
Во 2004 година ја претставуваше Македонија на Евровизија со песната “Life ” од композиторот Јован Јованов, а истата година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ.
Загина на 16 октомври 2007, а следниот ден беше прогласен за Ден на национална жалост.
Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија со медал од Претседателот, а во КруШево е изграден негов музеј кој го посетуваат луЃе од разни земји, како и манастирот Свето Преображение, во кој Тоше донирал за градењето.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.