Македонскиот културно – информативен центар во Тирана, синоќа ги претстави „Woodwind quintet Phil-harmonic Five“ од Скопје. Во несекојдневна и пријатна атмосфера, во Гранд Паркот во Тирана, овој наш дувачки квинтет имаше едночасовен концерт на отворено, каде се претстави со дела од Хајдн и домашни автори (Љубомир Браноѓолица).
Гранд Парк Тирана е место каде што после 18 часот попладне, излегуваат на прошетка голем број на тиранчани. Огромниот парк од 8 километри, во попладневите и вечерните часови за разни видови релаксација го користат голем број посетители. Овој простор важи за место каде тиранчаните зборуваат за духовните нешта во овој град и свет. Овој парк е на некој начин духовно светилиште каде се слушуваат безброј концерти, театарски претстави, изложби.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.