МРТВ ќе ги пренесува Евровизија 2025 и Јуниорска Евровизија 2025

10

18.09.2024

Програмскиот план на МРТВ за 2025 година покажува дека Македонската радиотелевизија  следната година планира да ги емитуваат двата евровизиски натпревари.

Тие го објавија својот предлог- програмски план за 2025 година, во кој се спомнува и на Изборот за песна на Евровизија и за детската Евровизија,  пишува www.eurovoix.com.

Во предложениот план не се наведени детали за тоа дали планира да се натпреварува на Детската Евровизија, за “големата” Евровизија се изјасни дека нема да праќа учесник.

Македонија не учествува на Изборот за песна на Евровизија од 2023 година, но продолжи да го емитува преносот.

Во меѓувреме, продолжува да се натпреварува на Детската Евровизија.

МРТ се повлече од Изборот за песна по Евровизија 2023 година во Ливерпул, Велика Британија, а телевизијата наведе дека има финансиски тешкотии.

Претходно се натпреваруваше секоја Евровизија од 2004 година. Последен пат учествуваше на натпреварот во 2022 година, кога Андреа ја претставуваше МРТВ во Торино, Италија со песната „Circles“. Сепак, таа не се квалификува за големото финале, завршувајќи на 11. место во полуфиналето, со 76 поени.

Македонија на изборот за песна на Евровизија дебитираше во 1998 година. Меѓутоа, две години претходно се обиде да учествува, во 1996 со Калиопи и “Само ти” но беше отфрлена уште во претквалификациската рунда, во Швајцарија. Калиопи настапи во 2012 година со “Црно и бело”, кога се пласираше во финалето, а во 2016 година по втор пат ја претставуваше Калиопи со песната „Дона“, но и тогаш го пропушти финалниот пласман и заврши на 11-тото место во своето полуфинале.

Најдобриот резултат на Македонија досега е освоеното седмо место на Евровизија 2019, претставена од Тамара Тодевска и песната „Proud“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.