Колекцијата на Модната куќа Шанел, ја откри хит бојата за оваа година 2019-та. Легендарниот креатор на модната куќа Шанел, одлучил дека Французинките и сите дами на светот во оваа престојна модна сезона, да ги облече во сите нијанси на сиво.-боја која како да е заборавена под влијание на силно жолтите, но и пастелните бои.
На модната ревија одржана во јули минатата година со колекции за ова апролет и лето 2019-то , во Париз, љубителите на модата уживале во необичните комбинации на старото и новото, спојот на духот на 40-тите години на минатиот век и рокенрол имиџот со неговиот крај на твит, перја, шљокици,карнери и тул, т.е. гламурот и осредноста.
Ако сте вешти со игла и конец, можете и сами да се поиграте со новата мода и од старото сако од твид да направите моден хит. Копчињата треба да ги исфрлите и да ги замените со патент, опшиен со кристали и така ќе добиете незаборавен модел оплеменет во духот на Париската шик мода. Сукњите се долги до колена или под, но со провокативна нота на длабок шлиц за да ги свртува погледите. Ракавите се со различна должина.
Запомнете, ако сакате да сте во тренд со Шанеловата мода-сите нијанси на сиво.
Извор : http://www.lepaisrecna.rs/
Избор – Елена Максимовска, моден дизајнер