Талентираните млади од Школата за тапани го одржаа својот летен концерт

7
10.09.2024
Школата за тапани при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија неодамна  го одржа својот летен концерт. Учениците, под менторство на Момчило Моки Делев, солистички се претставија на тапани со позадина на рок и поп- нумери пред многубројната публика којашто го проследи нивниот настап под отвореното небо. Овации предизвика групниот настап на сите ученици со изведба на хитот „Пушти коси“ од гевгелиската и македонска рок- група „Зијан“, придружувани од нивниот ментор на гитара, Моки, Делев, Боки Митров на тапан, неколку ученика на кахон, како и вокалната интерпретација на Марија Ичкова.
И овој концерт потврди дека Школата успешно го калеми талентот на младите од Гевгелија коишто сакаат да го изучуваат музичкиот ударен иструмент тапан, а големо е задоволство на публиката да ги слуша нивните настапи, бодрејќи ги да продолжат со музичката наобразба.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.