Британскиот актер повеќе пати признал дека бил преплавен од емоции по завршувањето на снимањето на последната сезона на „Игра на тронови“, на која работел осум сезони. Според изјавите тој признал дека “На последниот ден од снимањето се чувствував добро, но потоа почнав малку да хипервентилирам. Кога рекоа дека е готово, се скршив. Тоа беше напад на олеснување н тага што веќе никогаш нема да го правам ова“.
Во неделата, Ејч-Би-О објави документарец за снимањето на последната сезона, во којшто Харингтон е прикажан како плаче кога дознава дека ја убива Денерис, но и поради судбината на својот лик.
И други ѕвезди од серијата, како Мејзи Вилијамс и Ајзак Хемпстед Рајт, признале дека снимањата биле немилосрдни и дека животот им се одвивал под голем притисок.