“Радикално Навивање“-на 21 мај во МКЦ

ЛOKOMOTИВА кани да ја проследите „РАДИКАЛНО НАВИВАЊЕ“, втората претстава во рамки на ПЕРФОРМАНС ПЛАТФОРМА ФЕСТИВАЛ во режија на Зуфит Сајмон, на 21. мај со почеток од 20:00 во MКЦ.

Влезот е слободен. Поради ограничениот број седишта, доколку сакате да го осигурате своето место, ве молиме да направите резервација на [email protected]

Претставата е наменета за публика над 16 г. возраст!

За претставата:

Телесниот отпор и кореографските протести во јавните простори станаа ефективни и моќни средства за мирни демонстрации во капиталистичките демократии . Развиени од страна на квир феминистичките активисти во 1990- тите , т.н. „ радикално навивање“ комбинира ненасилни, директни акции со театарски елементи . Навивањето е добро познато во форма на организирани навивачки групи на спортски натпревари. Креаторите на оваа изведба ги користат и субвертираат кодовите на навивањето да ги пренесат своите пораки. Гламурот, сјајот и миксот од различни слогани се компоненти на оваа радосна, сатирично – алтернативна форма на милитантните форми на протест. Со жестокост, прецизност и хумор, на хетерогениот ансамбл предводен од страна на кореографот Зуфит Сајмон (Zufit Simon), кој исто така се појавува на сцената, го поставува прашање за што е вредно да се излезе на улица.

“Таа имплементира јасен концепт и ефективни слики со одлично вештина и интензитет. Заедно со својот ансамбл, Зуфит Симон успеа да создаде извонреден танцуваачки перформанс со хумор и длабочина од мирната протестна форма „Радикално Навивање“. “Од номинациската изјава за „DER FAUST“, Германска театарска награда 2023 – Танцова продукција.

Уметничка режија, кореографија: Зуфит Сajмон (Zufit Simon)

Танц, креација: Дорота Мичалак (Dorota Michalak), Ерика Лео/Софи Принс (Erika Leo/Sophie Prins), Сунајана Шети (Sunayana Shetty), Кери Шиу (Cary Shiu), Зуфит Сајмон (Zufit Simon)

Звук: Фредрик Олофсон (Frederik Olofsson)

Дизајн на осветлување: JOM

Костим: Мирела Оестрајкер (Mirella Oestreicher)

Надворешно око: Клариса Рего (Clarissa Rêgo), Мориц Гагерн (Moritz Gagern)

Продукциски менаџер: Дитрих Оберландер (Dietrich Oberlander)

Односи со јавност: Бит Зелер (Beate Zeller)

 

Времетраење : приближно 70 минути

Фотографирање и видео снимки за време на перформансот не се дозволени.

За авторката:

 

ЗУФИТ САЈМОН e изведувачка и кореографка, родена во Израел, завршила средно училиште за танц и студирал современ танц на Универзитетот за музика и изведувачки уметности (HfMDK) во Франкфурт на Мајна. Нејзините дела биле прикажани на национални и меѓународни фестивали, како во Италија, Австрија, Танзанија, Чешка, Полска и Франција. Зуфит Сајмон беше избрана да го претстави своето соло „Wild Thing“ на Tanzplattform Deutschland во Дрезден во 2012 година и се претстави со кореографскиот концерт „I LIKE TO MOVE IT“ на Tanzplattform Deutschland во Kampnagel Hamburg во 2014 година. Помеѓу 2016 и 2019 година таа ја развива трилогијата „не-емотивно“ за врската помеѓу јазикот на телото, изразите на лицето и гестовите. Од 2015 година соработува со режисерот Мориц Шенекер (Moritz Schönecker) во Theaterhaus Jena, каде ги курира танцовите серии во сезоната 2017/2018. Зуфит Сајмон е член на асоцијацијата на кореографи Tanztendenz München e.V. од 2016 година.

Зуфит Сајмон (Zufit Simon) работи со музичарот и видео уметник Фредрик Олофсон (Fredrik Olofsson) веќе десет години; тој бил вклучен во сите нејзини изведби во последите години. Во 2019 година, SCHÄUME (FOAMS), кореографско истражување на нестабилноста, беше продуцирана во LOT-Theater Braunschweig. STRANGE FOREIGN BODIES, инспириранa од „58 Notes on the Body“ од Жан-Лук Нанси (Jean-Luc Nancy, беше премиерно прикажана во 2020 година во schwere reiter, Минхен. Самостојното дело „Passable, not Presentable“ за еврејската радикална феминистка Шуламит Фајрстоун (Shulamith Firestone) премиерно беше прикажано во LOT-Theater во 2021 година, имаше неговата премиера во Минхен на schwere reiter во 2022 година и беше изведена таму повторно во 2023 година.

Оваа претстава во рамки на фестивалот ППФ е во соработка со фестивалите Антистатик од Софија и Конденз од Белград.

 

Претставата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Гете-Институтот од Скопје.

 

 

 

Следете за повеќе информации!

 

Веб: https://www.lokomotiva.org.mk/

 

Фејсбук: https://www.facebook.com/p/LOKOMOTIVA-Centre-for-New-Initiatives-in-Arts-and-Culture-100064514271526/

 

Инстаграм: https://www.instagram.com/lokomotiva.mk/

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.