Шпанскиот режисер Педро Алмодовар е добитник на наградата „ Златен лав“ за животно дело, на годинешниот Венециски филмски фестивал 2019.
Директорот на фестивалот Алберто Барбера изјави дека Алмодовар е „Режисер кој ни понуди содржини од повеќе значења како и контроверзни и провокативни портрети на Шпанија.
Неговите филмови се занимаваат со „страста и идентитетот“, проткаени со „саркастичен хумор“ и украсени со „визуелен сјај“, изјавија во образложението за наградата од организаторите на Венецијалнскиот филмски фестивал.
Венецискиот филмски фестивал, кој е најстариот во светот, оваа година ќе се одржи од 28 август до 7 септември.
Во изјавата на Алмодовар ,откко ја слушнал веста за престижната награда изјавил дека : Златниот лав, ќе ми биде домашен миленик, заедно со двете мачки со кои живеам. Ви благодарам од срце!