Серијата музикли, насловена The Shows Must Go On! („Шоуто мора да продолжи!“) на популарниот Лојд Вебер , ќе започне во петок со филмска верзија од 2000 година на Веберовата „Јосип и дречливите бои на неговите сништа“ со Дони Осмонд и Џоан Колинс.
Лојд Вебер светската слава ја постигна со прочуениот мјузикл „Мачки“, кој е еден од најдолго играните мјузикли, на лондонската сцена е изведуван 21 година, а на Бродвеј 18 години.
Тој основаше фондација за помош на уметниците и за развој на уметности. Во 2010 година на една аукција продаде слика од Пабло Пикасо од својата приватна колекција, а приходот од 37 милиони фунти го пренасочи за понатамошна работа на фондацијата.
Фановите на музичкиот театар од своите домови ќе можат да гледаат неколку од најпопуларните дела а шуто ќе биде достапно 48 часа од 18:00 часот (GMТ временска зона) почнувајќи од петк 10-ти април.