Маестро Горан Алачки го најави “Фолк фест Владимирово 2025”

На  29 мај 2025 година во неговото Владимирово, Беровско, ќе се пее. Ќе има нов фестивал. Ќе одекнат нови рефрени од, како што вели тој Академијата на доајените на македонската песна.
Маестро Горан Алачки со гордост го најави своето ново творечко дело, овој пат фестивал со новосоздадени песни кои ќе бидат испеани од:
1. Драган Мијалковски- “Тука сум роден јас”
2. Круме Спасовски- “Мирна река тивко тече”
3. Зуица Лазова- “Кога си бев мала ”
4. Горан Кукиќ- “Голем мерак имам јас”
5. Жаклина Узунова – “Засекогаш “
6. Благоја Груевски- “Еј жено ти”
7. Ленче Кукиќ- “ Ракија се пече”
8. Наум Петревски- “Горо ле горо”
9. Ванчо Тарабунов- “Јован делија”
10. Нино Величковски- “Стара ламба трепери”
11.Перо Христов- “Лилјано моја“
12.Виданка Георгиевска- “Наша Македонија”
Пејачите ќе бидат придружувани од Оркестарот на Горан Алачки со легендарните солисти, истакнати композитори и инструменталисти,  доајени на македонската музика: Миле Барбаровски тапани, Валентино Бенедети гитара, Ристо Краповски виолончело, Орце Лазаров мандолина, Никола Митровиќ контрабас, Стојан Димов кларинет, Лиле Автовска флејта, Васил Атанасов обоа и самиот идеен творец Горан Алачки на хармоника.
Песните наскоро ќе се снимаат во студио.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.