На 27 ноември 2023, од 17:00 до 18:30 часот во КСП Центар -Јадро.
Работилницата е бесплатна и отворена за учесници со или без танцувачко искуство.
Пријавете се на [email protected], бројот на учесници е ограничен.
Ве молиме понесете удобна и лесна облека.
Работилницата „Раздвижени тела“ со Симона Спировска на учесниците им нуди методи на истражување на слободното движење и чувствување на сопственото тело, неговата флексибилност, рамнотежа и координациа.
Во оваа работилница учесниците ќе работат на поврзување и емотивно активирање на сопственото тело и изведување движења за зголемување на опсегот на движење и флуидност. Преку бавни удобни чекори и свесно движење ќе се одржува личниот центар на гравитација и координација на телото. Учесниците во границите на своите можности ќе работат со слободни движења во соодност со својата постурална стабилност.
Оваа работилница ве кани да предложите сопствени начини на движење, отвореност, следење и слушање на сопственото тело.
Преку движење да се обидеме да одговориме на прашањата:
Како можеме да внесеме и да ја ослободиме емоцијата и енергијата во нас?
Како да го ослободиме умот и телото преку балансирање, движење и танц?
Да градиме телесно самоизразување и социјално поврзување, засновани на нераскинливо испреплетените принципи на емотивно движење и танц.