За оваа недела, Куларт Ви предлага нешто од вкусната италијанска кујна „Шпагети со морски плодови„
За да не губите многу време во кујна за време на викендов, ви предлагаме еден ручек да биде овој специјалитет, загарантирано вкусен.
Потребни состојки
-1 кесичка Шпагети
-Зејтин и сол
-Мешавина морски плодови (школки,лигњи,октпод парчиња)
Подготовка
-Шпагетите ги варите стандардно во голема количина вода со сол и малку маснотии и потоа ги цедите и миете со ладна вода
-Додека шпагетите се варат вие ги подготвувате морските плодови и ги пржите на тивок оган а пред даги тргнете настрана додавате зачини по ваш вкус
-На крај измешајте ги шпагетите со сосот од морски плодови
-Кога ќе ги сервирате во чинии секој по кус може да си стави зачини, пармезан или пак доматен сос
Со чаша бело вино Ви поскауваме пријатен ручек!