Куларт кујна -Вкусно благо со ориз и рум

Вкусно благо со ориз и рум (рецепт од Народен кувар 1976)

Состојки
250 грама ориз
750 мл вода
Топен дел
150 гр шеќер
20гр путер
3-4 големи лажци вода
1 портокал само сокот
1 лимон само сокот
3-4 големи лажици рум (или едно капаче екстракт)
Фил
200 гр чоколадо
За премачкување
1 матена белка од јајце
 
Кога немаш идеја, ќе ја отвориш книгата што тежи повеќе од двете деца заедно 
и таа ќе ти каже што да приготвиш. 
Едноставни состојки, преубава комбинација, лесен за подготовка. 
Направив мали прилагодувања, но не сметам дека влијаеа на конечниот вкус многу. 
Ја изоставив само белката од јајце бидејки печев во силиконско калапче и доколку 
ја превртев, белката ќе беше на долната страна на колачето. Ништо страшно.
Едвај спасив четвртина да не го смуфтаат за да сликам. Ставете ја водата во сад 
да зоврие. Додадете го оризот и намалете ја температурата, нека се вари на тивко.
Кога ќе е сварен оризот, оставете го да се олади. 
За тоа време пригответе го течниот дел. 
Во сад на оган ставете ги путерот и шеќерот. 
Нека се растопи шеќерот убаво, а потоа додадете ги лажиците вода. 
Убаво измешајте и додедете го сокот од портокал, сокот од лимон и румот. 
Течниот дел додадете го во садот со ориз и убаво промешајте да се изедначи.
Во садот во кој што ќе печете (димензии од прилика мала ростер тава) ставете 
половина од смесата. 
Нарендајте го чоколадото, потоа додадете ја другата половина од смесата. 
Печете 15ина мин на 150-180 степени, да се подисуши колачот, не треба да се пече.
Во оргиналниот рецепт пишуваше: нарендајте чоколадо со дебелина од еден прст. 
Што да ви кажам, мака мачам со мерките од куварот.
Затоа и толку долго, можеби 5 години, стоеше и прашина фаќаше :
Јас нарендав 100 гр, но не беше еден прст, а испадна како на фотографијата. 
Затоа во рецептот пишав 200 грама. Колачот не е многу благ,
може да истрпи 200 грама чоколадо. Користев млечно чоколадо. 
Во оргиналниот рецепт, колачот се премачкува со цврсто изматена белка и така се
става да се пече додека белката не зарумени. Јас тој чекор го прескокнав, но и
вака испадна супер вкусно. Не ги прескокнувајте соковите од лимон и портокал, 
даваат посебни ароми на целото благо.

Уживајте со рецептите од LUDO


куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.