Потребни состојки :
Полнети пиперки-12, органик со кафен ориз -2 чаши, печурки, зачини
Подготовка:
Состојките се ставаат во тава и не се пржат на масло туку само се мешаат 5 минути. После се додава масло и веднаш се полнат пиперките со подготвената смеса. Може да ставите и малку чили. Садот се полни со вода до половина и се редат наполнетите пиперки.Откако ќе се наполнат сите, се поклопуват со капак и се ставаат во рерна. После половина час се вадат, се поливаат со доматен сос, лукче, магдонос,зачини ,натур вегета, 1 лажица интегрално брашно и се поклопуваат со парчиња домат. Се враќа во рерната и се пече уште 10 минути.
Ќе добиете вкусен, свеж и здрав вегански оброк.
Повеќе за веганската интернационална кујна на ФБ групата од следниов линк:
https://www.facebook.com/groups/136812427086883/?ref=group_header
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.