Иако печењето во овие пеколни температури не е пријатно, сепак некоја квечерина може да подготвите лесна пита со праз (јајца и сирење) и да ги изненадите со вкусен доручек.
Потребни состојки
1/2 кг кори (дебели)
1-2 прачки праз
2 јајца
200 гр сирење
сол
квасец
Подготовка :
Додека стасува квасецот ставен со малку вода, шеќер, зејтин и сол, вие подгответе го сосот.
Исецкајте го празот и убаво испржете го, во него додајте изрендано сирење и на крај две јајца и сол.
Тргнете го да се олади. Подгответе ги корите. Секоја кора прскајте ја со смесата од квасецот и малку зејтин и ставајте од зајрето на ивицата и виткајте ја. Така една по една редете ги во тавче, зависно од масата што ја правите и неговата големина. За крај оставете една кора, покријте ја цела пита и ставете на 220 степени да се пече.
Кога ќе е иставете ја одозгра испрскајте ја со вода и испрскајте ја. По некое време ќе имате вкусна пита.
Пријатен доручек !