Меко пилешко, кое подготвено се топи во уста, мешан зеленчук и благ ориз, прави вистинско гастрономско уживање на љубителите на кинеска храна.
Подготовка
Пилешкото исецкајте го на коцки, големина на еден залак и ставете ги во помал сад, прелијте го со сосот од соја, малку вегета но внимавајте да не го пресолите. Зачини по желба со ким, џумбир или на пример малку сок од портокали. Измешајте го месото со сојата, парчињата ставете ги во брашно и во голема тефлонска тава многу зовриена испржете ги. Мешајте во тек на пржењето, додајте ја кинеската мешавина на зеленчук ,поколопете го и нека вари 7-8 минути. На крај додајте уште една лажица соја измешајте и досолите според ваш вкус.
Доколку сакате автентично да се послужите со кинескиот ручек, користете стапчиња, ако тоа го правите прв пат пробајте може да биде многу забавно.
И, пријатен ручек од куларт.мк