Во летната сезона полна со свежи зеленчуци, нашиот предлог за оваа недела е вкусен, свеж ручек со сезонски модри патлиџани, наполнети со сос од мелено месо и зеленчуци. Сето тоа во комбинација со свежа салата-таратур .
Состојки за полнетите модри патлиџани
4 модри патлиџани
1/2 кг мелено месо, неколку моркови, 2 патлиџани, 2 пиперки, 2 главици кромид, зачини
За таратурот
2 краставици
1/2 кд кислео млеко
1 павлака
малку сецкани ореви
магдонос и зачини по вкус
Начин на подготовка:
Модрите патлиџани ги сечете на пола и ги печете на фолија во рерна. Откако убаво ќе се испечат го ставате подготвениот сос. Сосот се подготвува: ситно исецкан кромид се пржи, се става рендан морков, пиперка и убаво се пржат. Потоа се става месото се пропржува и на крај патлиџаните. Зачани се ставаат според вкус. Откако ќе се наполнат се потпекуваат и се става ситно сецкан кашкавал. Се така подготвено се става во рерна да се допечи убаво.
Татарутот се подготвува така што, во кислеото млеко и павлаката се ренда или ситно сецка краставица, се става лукче, магдонос, масло и малку оцет и се меша. Одгзгора се стааат ситно исецкани ореви.
Вака ручекот е подготвен. Не одзема премногу време а е вкусно и свежо!