Брзи триаголници со сирење Брзи, едноставни
и превкусни триаголници готови за час.
На работната површина ја ставаме првата
кора и со лажица по малку насекаде капнуваме
од маслото и киселата вода.
Ја превиткуваме кората на половина и
повторно капнуваме.
Повторно ја превиткуваме уште еднаш и ја повторуваме постапката со масло и
кисела вода. На крајот од кората ставаме една лажичка фил и ја виткаме
За филот сирењето го дробиме ја додаваме киселата павлака и се убаво мешаме.
Доколку ви се малку масло и кисела вода ќе си дополните.
Ја повторуваме постапката со сите останат кори. Јајцето го матиме и додаваме една лажица сенф и се убаво мешаме, со ова со четка
ги премачкуваме триаголниците и потоа наросуваме со сусам. Триаголниците се печат во загреана рерна на 200 степени околу дваесет минути. Печени се оставаат малку да оладат и се конзумираат. Добар апетит!
Потребни состојки 500 гр. кори за пита прелив 1 чаша масло 1 чаша кисела вода Фил 200 гр сирење или изварка 5 лажици кисела павлака 1 јајце 1 лажица сенф и сусам
www. moirecepti.mk
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.