За подготовка е потребно:
1 шоља брашно
2 јајца
1 шоља кисела вода
1 шоља млеко
1 првстофат сол
малку масло
За премачкување:
Џем по избор
или топка сладолед за додаток
Карамел прелив:
3-4 лажици шеќер
1 портокал
1 лажица маргарин
Подготовка
Палачинки: брашното , јајцето, киселата вода, млекото и солта измешајте ги а густината направете ја по ваш избор. Потоа во соодветно тавче печете ги палачинките се додека имате смеса. Готовите палачинки премачкајте ги со направениот карамел измешан со мелени ореви. По вкус можете да премачкате и тенок слој џем .
Подготовка на карамел: Во помало тенџере карамелизирајте го шеќерот додека не добие браон боја. Додајте ги сокот од портокал и маргаринот. Внимателно мешајте се до хомогена маса во која додајте 100 гр. мелени бисквити. Малку да се олади и правете ги палачинките.
Можете да додадете и топка сладолед .Освежувањето ќе ве расположи во жешките летни денови.