Потребни состојки за тиквичките
-3 поголеми тиквички
-15 грама сирење
-2 јајца
-презла (брашно)
-зачини по вкус
За сосот
1 павлака
200 гр мајонез
лук исецкан
магдонос и зачини по вкус
Начин на подготовка
Тиквичките ќе ги изрендате на покрупно ренде и ќе ги замесите со јајцата, сирењето, малку презла (брашно) и зачини. Ќе ги месите додека не се направи хомогена смеса. Правете ќофтиња и извалкајте ги во презла и пржете на јак оган. Поредете ги да се исцеди вишокот зејтин од нив.
За сосот: Павлаката со мајонезот, лукот измешајте го убаво да се добие хомогена маса . Може да додатете и малку сенф. Одозгора ставете ситно сецкан магднос,
Убаво сервирајте и пријатен ручек!
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.