Конкурсот за 20 нови композиции за IV то издание на фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“ во кој ќе се одржи на 10.07.2025 на платото на Офицерскиот дом – КИЦ Битола.
Културен и информативен центар – Битола објавува конкурс, со траење од 01.02.2025 до 01.04.2024, за 20 нови композиции, од кои 3 дебитантски за потребите на четвртото издание на фестивалот на битолската серенада “Ех таа серенада” 2025. Композициите треба де се во согласност со досегашните принципи на компонирање на музика и пишување на текстови во корелација со староградската музика, со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. Сите варијации и иновации на оваа тема се добредојдени за збогатување на квалитетот на оваа музичка форма. Музичките дела ги очекуваме како демо снимка во mp3 формат, аплициран текст, и/или нотен запис на мелодиската линија со запишани акорди на нашата електронска адреса [email protected] За изборот на композициите неприкосновено право при селектирањето и изборот на делата има комисијата назначена од КИЦ Битола. Избраните музички дела ќе бидат хонорирани со 10.000 денари за текст, 10.000 денари за музика и 10.000 денари аранжман. Изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари.
Во корист на квалитетот на фестивалот, организаторот има право да нарача одреден број композиции кај докажани автори и ја задржува целосната контрола врз аранжманите, поради тоа што музичкиот настан ќе се изведува во живо со оркестар, со професионални музичари кои имаат искуство и знаење да одговорат на предизвикот. Фестивалот “Ех таа серенада” 2025 ќе се одржи во Офицерски дом – Битола (плато) на 10/07.2025.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 05.05.2025.